Item logo image for Bato

Bato

www.emitknowledge.com
5.0(

3 ratings

)
ExtensionAccessibility82 users
Item media 1 screenshot

Overview

Додаток за помош при читање за лица со дислексија.

Дислексијата претставува состојба при која мозокот различно го процесира пишаниот или говорниот јазик. Еден од десет луѓе на планетата земја се соочува со дислексија. Таа може најдобро да се опише како комбинација од способности и потешкотии што се однесуваат на процесот на учење во неколку области, како на пример читање, пишување, спелување, а понекогаш и математика. Дислексијата не треба да се гледа како попреченост, туку како стил на учење. Дислексијата не зависи од интелигенцијата, од социо-економските услови ниту, пак, од начинот на подучување. Едноставно, мозокот на учениците со дислексија ги примаат надворешните информации, пишани или говорни, на различен начин. Децата со дислексија имаат одредени заеднички ментални функции, како што се креативноста, интуицијата, гледањето имагинарни слики како 3Д-проекции. Дислексичарите размислуваат доминантно со слики, а не вербално, поради што се соочуваат со тешкотии при дешифрирање на пишаните зборови, кои не претставуваат слики, туку симболи за некој предмет, појава, активност или опис. Важно е да се нагласи дека дислексијата не претставува болест туку невролошка состојба која предизвикува потешкотии во читањето. За лицата со дислексија од голема помош е асистивната технологија, како што се специјално дизајнираните фонтови, екстензии, книги и разни алатки кои го олеснуваат процесот на читање. Додатокот Bato е креиран врз основа на првиот кириличен фонт DyslexicFZF кој го олеснува читањето кај лицата со дислексија. Целта на плагинот е да се подобрат следните аспекти: 1. Разбирање на прочитаното Алатката ќе овозможува форматирање на текстовите од веб страните со стандарден фонт во текстови со фонтот DyslexicFZF со цел олеснување на читањето; Покрај форматирањето на текстот алатката ќе овозможува и менување на бојата на позадината на текстот во бои кои овозможуваат полесно читање и можност за зумирање на текстот. 2. Поттикнување на независност Преку алатката, без помош на професор/учител корисникот ќе може самостојно да го прочита текстот; 3. Едноставност при користење 4. Бесплатна за користење Работи со повеќето содржини достапни на интернет и лесно се инсталира;

5 out of 53 ratings

Google doesn't verify reviews. Learn more about results and reviews.

Details

  • Version
    1.0.4
  • Updated
    May 12, 2021
  • Size
    375KiB
  • Languages
    English (United States)
  • Developer
    Website
    Email
    contact@emitknowledge.com
  • Non-trader
    This developer has not identified itself as a trader. For consumers in the European Union, please note that consumer rights do not apply to contracts between you and this developer.

Privacy

The developer has disclosed that it will not collect or use your data.

This developer declares that your data is

  • Not being sold to third parties, outside of the approved use cases
  • Not being used or transferred for purposes that are unrelated to the item's core functionality
  • Not being used or transferred to determine creditworthiness or for lending purposes

Support

For help with questions, suggestions, or problems, please open this page on your desktop browser

Google apps